Прашања и одговори


Тука можете да ги пронајдете најчесто поставуваните прашања. Доколку не можете да го најдете одговорот на Вашето прашање, Ве молиме контактирајте не, ќе ни биде задоволство да Ви помогниме.

 


ПРОИЗВОДИ & ПРЕБАРУВАЊЕ
РЕГИСТРАЦИЈА
НАРАЧКА
ИСПОРАКА
РЕКЛАМАЦИЈА
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ


 

ПРОИЗВОДИ & ПРЕБАРУВАЊЕ

 

Како да ги најдам производите?


Производите се подредени во категории кои може да ги разгледате едноставно со кликање на нив и следењето на линковите кои се појавуваат.
Корисна и брза алтернатива преставува опцијата ПРЕБАРУВАЊЕ. Во полето ПРЕБАРУВАЊЕ кое се наоѓа во горниот десен агол, едноставно внесете го името на производот или брендот. Прикажаните резултати можете да ги подредите по име и по цена по растечки или опаѓачки редослед со кликнување на линковите (Име опаѓачки, Име растечки, Цена опаѓачки, Цена растечки) кои се наоѓаат во горниот десен дел, веднаш под делот каде што се прикажува колку резултати се пронајдени од пребарувањето.
Доколку сакате дополнително да ги филтрирате резултатите, можете да ги користите филтрите што се наоѓаат над резултатите. Можете да ги филтрирате производите по боја, големина, материјал цена...итн. За да ги филтрирате резултите одберете ја вредноста од паѓачкото мени и кликнете на копчето ФИЛТРИРАЈ.

 

Кои се вашите продажни места по градови?

Нашите производи можете да ги најдете во нашите специјализирани продавници и во продажните места на нашите застапници. Листата со продажни места можете да ја погледните на следниот линк: http://goo.gl/zmBkyE

 

 

РЕГИСТРАЦИЈА

 

 

Кои лични податоци се потребни да ги оставам при процесот на регистрација?


Доколку се регистрирате како физичко лице, информациите кои се потребни се Вашето име и презиме, e-маил адреса, адреса на живеење и телефон за контакт. Доколку се регистрирате како правен субјект, информации кои се потребни за регистрација се име на компанијата, адреса, телефнски број за контакт.

 

Дали ќе се почитува приватноста на моите податоци?


Да. Вашите податоци се користат исклучиво за успешна достава на нарачките кои ги извршувате и за реализирање на уплатата, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

 

Што доколку ја заборавам својата лозинка?


  1. Кликнете на МОЈ ПРОФИЛ а потоа на ЗАБОРАВЕНА ЛОЗИНКА
  2. Во рубриката ЗАБОРАВЕНА ЛОЗИНКА внесете го Вашиот e-mail
  3. Кликнете на копчето РЕСЕТИРАЈ . Вашата лозинка ќе ја добиете во кратко време на вашиот e-mail

Забелешка: Може да се случи некои наши корисници да не ја добијат лозинката преку електронска пошта заради spam филтерите на нивните (e-mail) сервери.

 

 

НАРАЧКА

 

На кој начин ќе може да ги наплатам нарачаните производи?


 1. Плаќање преку интернет:
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.

 2. Плаќање со уплатница

Како да платам со картичка?


За успешно купување потребно е да го одберете типот на кредитна картичка кој го поседувате во полето „Сопственик на кредитна картичка„ да се впише Името и Презимето кое се наоѓа на кредитната картичка. Во полето „ Број на кредитна картичка„ да се впише бројот на кредитната картичка кој се наоѓа на предната страна и во полето „Датум на истек„ на картичката да се впише датумот на истек на кредитната картичка и CVV2/CVC2 код.

 

Дали моите банкарски податоци кои ги внесувам се безбедни?


Ние не чуваме никакви информации во врска со финансиските трансакции кои ги вршите, бројот на банкарска сметка или платежната картичка. Трансакцијата се врши преку безбеден линк на страната на платежниот процесор Casys за наплата од кредитни картички.

 

Како ќе бидам известен/а за мојата нарачка?


Штом се промени статусот на Вашата нарачка, Вие ќе добиете известување на електронската пошта или телефонскиот број кој сте го навеле при регистрација.

 

Што се случува ако одреден продукт не сте во можност да го испорачате?


Доколку не сме во можност да Ви испорачаме некоја компонента Ви го враќаме комплетниот изност што сте го платиле.

Како да платиме со уплатница:

Откако ќе добиете фактура од страна на Тритекс на маил, дека успешно сте ја извршиле нарачката, следно што треба да направите е да ја платите истата на уплатница со сите потребни податоци, кои можете да ги погледнете во примерот на следниот линк: http://www.triteks.mk/page/17/

 

 

ИСПОРАКА

 

Како ги испорачувате производите?


По добиената потврда за успешно плаќање, сите пристигнати порачки веднаш се проследуваат кон испорака. Направените порачки до 16 часот секој работен ден ќе се испорачаат  во период од 48 часа за сите градови во Македонија. За било каква нарачка, трошокот на испораката е 100,00 денари за цела територија на Република Македонија, освен за нарачка преку 1.000,00 денари испораката е бесплатна за цела територија на Република Македонија.

 

Што ќе се случи доколку ја пропуштам испораката?


Доколку не сте дома, во Вашата канцеларија, во времето на испораката нашиот возач ќе се обиде да ви телефонира. Ако не може да Ве добие ќе ви оставиме картичка со наведеното време во кое сме биле кај Вас и ќе побараме да не контактирате штое можно побрзо на телефон во Конаткт центарот или на телефонот наведен на картичката.

Забелешка:Не може да Ви гарантираме дека возачот ќе може да ви ги испорача производите истиот ден.

 

 

РЕКЛАМАЦИЈА

 

Каде да се пожалам доколку имам проблеми со испораката?


Доколку производот е испорачан во оштетена состојба или одреден производ недостасува од нарачката, треба веднаш да ја пријавите рекламацијата на нашата е-маил адреса contact@triteks.com или на нашиот контакт телефон, за брзо да се исправи направената грешка. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.

 

Што доколку сакам да го вратам производот од лични причини?

Ние не сносиме одговорност за враќање на производот доколку тој е точно процесиран од наша страна. Постои можност производот да биде заменет, доколку сеуште го има на залиха.
Корисникот има право да ги искористи овие опции во рок од 3 дена по примањето на производот.

Тритекс не превзема одговорност доколку производот што сакате да го замените не е повеќе на залиха.

Доколку не сме во можност да го замениме производот на Корисниците ќе им биде понудено рефундирање на уплатените парични средства. Рефундацијата на паричните средства ќе биде процесирана на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.

 
 

 

КOНТАКТ