За нас


Повеќе од 20 години,  постојат лојални потрошувачи кои им веруваат на брендот Тритекс.

Успешната приказна на Тритекс Трејд започнува од крајот на 1994 година, кога е и основана фирмата Тритекс Трејд, и се заснова на вредности како што се квалитетот, иновациите, флексибилност и прилагодливост кон сите општествени промени и економски предизвици на времето.

Насоченоста кон потребите на купувачите и задоволството на купувачите од извршената работа се најважните вредности според кои Тритекс Трејд ја мери и одредува својата вкупна успешност.

Исто така, поголемиот дел од своето производство, Тритекс Трејд успешно го извезува на пазарите на Европска Унија.

Од првиот ден од своето постоење фирмата се занимава со производство на долна облека и тоа машка, женска, детска и бебешка кои се изработуваат од високо квалитетни материјали со цел да се задржи услугата  и задоволството на купувачите на високо ниво.

Брендот Тритекс е синоним за онаа таргет група на потрошувачи кои преферираат квалитет. Со цел да се задржи квалитетот во оваа фирма, Тритекс Трејд работи по препознатливите стандарди за квалитет ISO 9001.

Седиштето на Тритекс Трејд се наоѓа во Прилеп на ул. Трајко Николоски бр. 5Тритекс Трејд исто така има претставништво за дистрибуција и продажба на готовиот производ во Скопје. Производите кои ги произведува Тритекс Трејд преку големопродажба се пласираат низ цела Македонија во неколкуте трговски ланци за конфекција и бутици, а исто така целокупниот асортиман може да се најде во четирите специјализирани продавници - Tritex Underwear во Прилеп, Скопје - ТЦ Рамстор и Скопје Сити Мол.